Абдулрашид Садулаев и Наталија Воробева се избрани за капитени на руската машка и женска репрезентација во борење за Олимписките игри во Токио.
Интересно, во моментов Воробева, која е актуелен олимписки, како и двократен светски и трикратен европски шампион во категоријата до 72 килограми, сè уште нема освоено норма.
Една од причините е промената во олимписките категории, бидејќи веќе олимписка е до 68 кг, а следната е до 76 кг.
Садулаев ја обезбеди нормата по освојувањето на титулата во категоријата до 97 килограми во слободен стил на Светското првенство во борење, што се одржа во Казахстан во 2019 година. Ова беше прва олимписка квалификација.
Аварскиот тенк ја заврши 2020 година со титулата на Светски куп во борење што се одржа во Белград, Србија. Пред тоа, дагестанскиот борач доминираше на 97 килограми слободен стил, освојувајќи ја четврта титула од шампионатот на стариот континент (2014, 2018, 2019, 2020), а во септември беше незадржлив на Државниот шампионат во борење на Русија.
24-годишниот борач е актуелен олимписки шампион (2016 година) во категоријата до 86 килограми. Вкупно има четири светски титули (2014, 2015, 2018 и 2019 година). Аварскиот тенк исто така два пати победи на Европските игри (2015 и 2019 година).
Неговиот биланс на победи и порази на душекот е импресивен. Садулаев има 130 победи во кареирата наспроти само 2 порази (Кајл Снајдер- САД и Гамзат Османов – Азербејџан).
Русија досега има освоено 9 норми за Олимписките игри во Токио од можни 18. Во слободен стил „Зборнаја“ обезбеди 5 визи за главниот град на Јапонија, за грчко-римски – 3, а за жените – само 1 – за Екатерина Полешчук (до 50 кг.).