Ален Рустемовски и Аријан Исени кои ќе не претставуваат на Светското сениорско првенство во бокс, кое од 01-15 мај ќе се одржи во Ташкент, Узбекистан, имаа прием кај директорот на Агенцијата за млади и спорт.
Во присуство на тренерот Јове Петровски и нашиот поранешен боксер и потпретседател на Боксерска федерација Фатон Салиху, двајцата боксери ги презентираа своите очекувања од настапот на најголемото светско натпреварување каде ќе има одлична можност за презентација на македонскиот бокс.
Ален Рустемовски ќе настапи во категорија до 57 кг, а Исени во категорија до 80 кг.