Македонските боксери Ален Рустемов и Илхан Озмен не се пласираа во финалето на 60. Меѓународен бокс турнир „Белградски победник“.
Рустемов загуби 1-4 од Микеле Балдаси од Италија, а Илхан Озмен ја предаде борбата, не се појави во рингот со Лаи Чу-Ен од Тајван.
На турнирот настапуваат 225 боксери (155 мажи, 70 жени) од 25 држави.
Резултати – Белградски победник:
57 кг
Ален Рустемов – Лазар Пантиќ (Србија) противникот не се појави во ринг
Полуфинале
Ален Рустемов – Микеле Балдаси (Италија) 1-4
63,5 кг
Илхан Озмен – Васили Самчук (Казахстан) 4-0
Полуфинале
Илхан Озмен – Лаи Чу-Ен (Тајван) предена