Руските борачи го бојкотираат турнирот на ЛОИ во Париз

Руските борачи освоија 16 од 18 можни олимписки норми во борење слободен стил, но ниту еден од нив нема да настапи на игрите во Париз.

Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) има строги критериуми во однос на учеството на руските спортисти. Шест членови на Зборнаја, меѓу кои и Абдулрашид Садулаев, борач во слободен стил и олимписки шампион во Рио 2016 и во Токио 2021 година, не ги поминаа критериумите, па поради оваа причина, колегите кои обезбедија учество ќе го бојкотираат турнирот во борење.

„Не ги прифаќаме неспортските принципи на селекција според кои ИОК го состави списокот на спортисти со право на учество, бидејќи е донесен со очигледна цел да го поткопа нашиот тим“, е дел од соопштението на Боречката федерација на Русија.

Списокот на МОК излезе во средината на јуни. Од него беа исфрлени уште тројца олимписки шампиони,Заур Угујев и Заурбек Сидаков во слободен стил, како и Муса Јевлојев во грчко-римски стил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON