Рускиот боксер Максим Дадашев е во критична состојба во болница по мечот со Порториканецот Субриел Матијас во боксерска галавечер во Окссон Хил, САД.
Штабот на Русинот го прекина мечот во 11-тата рунда откако Дадашев прими тешки удари и се чувствуваше лошо.
Боксерот е однесен во болница каде што е направена операција на главатазаради оток на мозокот и се уште е во критична состојба.
Дадашев има 14 професионални меча, од кои 13 се победи (11 со нокаут) и 1 пораз.
Мечот против Порториканецот, Суриел Матијас беше во полусредна категорија, а победникот станува предизвукувач за титулата на Меѓународната боксерска федерација (ИБФ).