Ринер цели десет години немаше пораз, а првпат загуби лани од Јапонецот Кагуера Когоро, а истата година врза уште еден во француското првенство од сонародникот Жозеп Терхек, но на ЛОИ во Токио дојде како непобледлив шампион кој требаше само рутински да стигне до третото злато во низа, арно ама битката за најсјаното одличје муз аврши во четвртфиналето.
Освен двете злата од Лондон и Рио, Теди има и бронза од Пекинг во 2008 година, плус 10 пати беше светски првак, а петпат европски шампион. Рекордер е по број на победи во низа – дури 154.
Наместо за злато, Ринер сега има шанса преку репасаж да стигне до нова бронза, а во Франција угледниот Л’Екип објави наслов „Црн ден за Франција“.