Тимот на Русија триумфираше на Европскиот куп на нациите во Москва во женска конкуренција.
Во финалето „Зборнаја“ ја победи Украина со 7-1. Пред тоа Русинките со истиот резултат ги победија Полска и Азербејџан. Ѕвездата на домаќините, Наталија Воробова, поради повреда ги пропушти овие настапи.
Бронзениот медал го освои Полска, откако извојува победи со 5-3 над Турција. А во борбата за петото место Азербејџан ја победи Белорусија со 5-3.
Во машка конкуренција, и во двата стила, за трофејот ќе се борат тимовите на Русија и Азербејџан.
Пред тоа, во грчко-римски стил, домаќините ја победија Украина со 6-4 и Германија со 8-0.
За бронза ќе борат Украина и Турција, а за 5-то место – Германија и Белорусија.
Во слободниот стил во групната фаза Русите се наметнаа по победите над Грузија и Турција со 6-2.
За третото место на мегдан ќе излезат Грузија и Белорусија, а за 5-то Турција и Полска.