Русија се збогува со тренерот кој ги создаде легендите Сајтиев и Јаригин

Денес Русија ќе се збогува со еден од најголемите тренери во борењето, Дмитриј Георгиевич Миндијашвили. 88-годишниот стручњак почина на 24 мај, а денес ќе биде погребан во родниот Краснојарск, објави новинската агенција ТАСС.

Миндијашвили откри и создаде sвезди од рангот на Бувајсар Сајтиев (трикратен олимписки и шесткратен светски шампион), како и Иван Јаригин (двократен олимписки, светски и трикратен европски шампион).

Влијателниот руски тренер во борењето е „Херој на трудот“ на Руската Федерација, а исто така ја носи и наградата – „Тренер број 1 за 20 век на Русија“.

Миндијашвили, кој беше избран за тренер на гоелмата земја на 20 век, почна да тренира борачи во 1958 година. Тој работи во Краснојарск повеќе од половина век и е прв мајстор на спортот од овој регион.

Во 1973 година, според негова идеја, е основано првото училиште за вишо спортско мајстроство преку Урал. Дваесет години подоцна, е именувано по него, а во 2009 година е трансформирано во Академија за борење Миндијашвили.

Заслужен тренер на СССР, Русија и Грузија, тој беше награден со два златни ордени на Меѓународната боречка федерација (ФИЛА).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON