Русија против остатокот на светот на 24 март

Русија ги следи САД и за прв пат во новиот век ќе организира средба против најдобриот тим на светот на своја територија. Шоуто е на 24 март во Владикавказ.

„Често се водат разговори кој е посилен и ете – сега ќе видиме“, изјави Џамбулат Тадеев кој ќе ги предводи домаќините!

Пресметката е во слободен стил. Тимот на светот ќе го предводи Расул Хадем, освојувач на златен медал од Олимписките игри во Атланта 1996 година, а сега претседател на Иранската федерација. Во неговиот состав се олимпискиот шампион Владимир Хинчегашвили (Грузија), како и олимпијците од Рио 2016 – Франк Чамизо (Италија) и Гиехено Петриашвили (Грузија). Со останатите асови се уште се преговора.

По овој судир Русите планираат да направат и реванш во Лас Вегас.

Во последните години САД прави тимски борби на плоштадот „Тајмс сквер“. За прв пат на шоуто на 17 мај ќе учествува Јапонија. Досега се гостувале Русија, Иран, Куба и најдобриот тим на светот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON