Русија ќе учествува во полни состави на олимписките натпревари во таеквондо, џудо и веслање. Светските федерации во овие спортови дозволија на спортистите од земјата со освоени квоти да се вклучат на Игрите во Рио 2016.
Поради скандалот со наместени тестови од Московската антидопинг лабораторија во есента минатата година, МОК одлучи секоја одделна меѓународна федерација самостојно да одлучи дали да дозволи учество на руски спортисти на Олимпијадата од 5 до 21 август.
Русија има освоени 3 квоти за турнирот во таеквондо, 6 во веслање и 11 во џудо.