Мечот во Европскиот куп на нациите во борење меч во грчко-римски стил меѓу натпреварувачи од Русија и Грузија во Романија, се претвори во масовна тепачка помеѓу двата табори.
Мечот помеѓу Русинот Имил Шарафединов и Зураб Датунашвили од Грузија почна емотивно. Кулминираше кога при еден прекин на судијата Датунашвили го удри својот руски противник по лице.
По инцидентот меѓу борачите се вклучија и тренерите во двата табори како и неколку фанови. Беа разменети по неколку удари од двете страни, но беа спречени поголеми нереди.
Мечот беше прекинат, а организаторот ги дисквалификуваше и двајцата натпреварувачи.
https://youtu.be/2JCce8eOvLY