Русеј го одработи мерењето за повратничкиот меч, Хендрикс пак претежок (ВИДЕО)

ronda-nunes-soocuvanje

Во Лас Вегас се одржа мерењето за УФЦ 207.

Ронда Русеј се враќа во октагонот откако пред нешто повеќе од една година ја загуби титулата во бантам категорија со нокаут од Холи Холм. „Хулиганката“ во главната борба на вечерта ќе се бори против актуелниот шампион Аманда Нуњеш, а двете намерењето тежеа по 61,2 килограми. Во пресрет на овој настан Русеј е ослободена од сите медиумски обврски, за вакво избегнување борците во минатото беа строго казнувано.

Со иста тежина беа и шампионот во бантам категорија Доминик Круз и предизвикувачот Коди Гарбрандт.

Џони Хендрикс повторно беше претежок. Поранешниот шампион во полусредна категорија беше 78,7 килограми за борбата во велтер категорија против Нил Магни. 33-годишниот Хендрикс оваа година падна на мерењето за УФЦ 200 и бората со Келвин Гастелум, а во октомври мораше да биде префрлен во болница поради проблеми со губење на тежината пред натпреварот со Тајрон Вудли, кој беше откажан.

Борец во мува категоријата, Реј Борг, беше два килограми потежок за борбата со Луис Смолка. На него и на Хендрикс ќе им бидат одземени по 20 отсто од платата.

UFC 207:

Ronda Rousey (61.2) vs. Amanda Nunes (61.2)
Dominick Cruz (61.2) vs. Cody Garbrandt (61.2)
John Lineker (61.3) vs. T.J. Dillashaw (61.7)
Dong Hyun Kim (77.6) vs. Tarec Saffiedine (77.6)
Ray Borg (58.7) vs. Louis Smolka (56.9)
Johny Hendricks (78.7) vs. Neil Magny (77.6)
Antonio Carlos Jr.(84.4) vs. Marvin Vettori (84.4)
Mike Pyle (77.1)  vs. Alex Garcia (77.3)
Brandon Thatch (77.1) vs. Niko Price (77.1)
Alex Oliveira (77.3) vs. Tim Means (77.1)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON