Енди Руиз Јуниор (33-1, 22 КО) гостуваше во „Џо Роган Искуство“ (Експириенс).
Шампионот во тешка категорија на ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО се подготвува за првата одбрана на титулата што ја освои во јуни совладувајќи го Њујорк со технички нокаут во седмата рунда Ентони Џошуа.
Британецот ја активираше клаузулата за реванш и ќе се обиде да си ги врати појасите.
Двете страни се уште се расправаат за тоа каде ќе се одржи борбата.
Промоторот на Џошуа, Еди Херн неодамна изјави дека стадионот на Кардиф на 14 декември е најочекуваното место за борбата.
Руиз во неколку наврати изјави дека не сака да се бори во Велика Британија, на што Херн го предупреди дека потпишал договор со кој се уредуваат ваквите работи.
„Тоа нема да се случи. Мојот и неговиот тим цело време се повлекуваат напред-назад. Би сакал да се вративме во Медисон сквер гарден. Може и Стејплс центарот во Лос Анџелес, Лас Вегас“, рече „Разурнувачот’.
„Нема многу да менувам во подготовките. Ќе го работиме истото она што го правивме и за првата борба само поинтензивно. Штом ќе победам во реваншот, волен сум да се борам со когобило. Тајсон Фјури, Дионтеј Вајлдер – којбило““.
Иако за светската титула за прв пат се бореше уште во 2016 година и го доживеа единствениот пораз во кариерата, таа заработка и заработка од други мечеви не му донесоа доволно на 29-годишниот американско-мексикански борец.
Пред да го замени Топ ранг со Премиер бокс шампиони на Ал Хејмон, Руиз се мачеше финансиски.
„Луѓето не знаат дека многу се мачевме пред таа борба. Со Топ ранг не добивав многу борби. Ми остана уште една борба во договорот со нив, а тие не сакаа да ме пуштат, па морав да го откупам договорот. Ако немате ништо, и сакате нешто големо во животот, тоа е голема мотивација, особено за мене,бидејќи имам пет деца. Добро е чуството да можам да си ги дозволам работите што отсекогаш сум ги посакувал. Секогаш ги гледав славните личности кои имаа убави работи, а сега можам да си ги дозволам,на моето семејство, на моите деца и мајка ми“.