Енди Руиз (34-2, 22 КО) се врати во рингот по година ипол пауза. Американско-мексиканскиот борец, по одличните 12 рунди на настанот во Карсон, со едногласна одлука на судиите го победи сонародникот Крис Ареола (38-7-1, 33 КО).
Мексиканците не губеа време и започнаа силно од самиот почеток, разменија неколку добри удари и највија возбудлива борба.
Во втората рунда, Ареола брилијантно го стресе Руиз со еден десен удар, кој побара пауза, а судијата му броеше. Поранешниот шампион веднаш се опорави и продолжи со уште пожесток ритам.
RUIZ GOES DOWN IN RD2! 😳
Buy #RuizArreola PPV: https://t.co/yaVe8Z8598 pic.twitter.com/xP3Q88rhPM
— FOX Sports: PBC (@PBConFOX) May 2, 2021
И во следните две рунди Крис беше малку поактивен, а потоа Руиз ја презеде контролата. Енди започна да комбинира удари кои завршуваа на вистинските места.
Борбата се повеќе одеше на страната на Руиз, а се чини дека Ареола имаше проблеми со рамото. Поранешниот шампион почна да напаѓа уште повеќе на крајот од мечот, но противникот успешно се одбрани.
На крајот, судиите немаа проблеми со одлуката, а победата едногласно му припадна на Руиз (118-109, 118-109, 117-110).
Ареола на крајот побара реванш, а Руиз рече дека не му пречи. Но, промоторите на Енди имаат различни планови. Имено, веќе некое време се зборува за можен дуел против Дионтеј Вајлдер.
Тоа беше прва борба на поранешниот светски шампион во бокс по поразот на 7 декември 2019 година од Ентони Џошуа со едногласна судиска одлука.
Потоа, Руиз мораше да ги врати титулите на ВБА (Супер), ИБФ, ВБО и ИБО што ги освои шест месеци порано против Британецот.
TO THE FINAL BELL 🛎🔥
Buy #RuizArreola PPV: https://t.co/yaVe8Z8598 @Andy_destroyer1@nightmareboxing pic.twitter.com/VCiPGlvxk0
— FOX Sports: PBC (@PBConFOX) May 2, 2021
https://www.youtube.com/watch?v=AzOR6kmMyZY&t=1s