Боксерскиот шампион во тешка категорија Енди Руиз Јуниор (33-1, 22 КО) не е импресиониран од победата на поранешниот неоспорен шампион во лесно-тешка категорија, Александар Усик (17-0, 13 КО). Пред 10 дена Усик го имаше своето деби во тешка категорија и го совлада 38-годишниот Чаз Витерспун во 7-та рунда.
Руиз признава дека Александр е добар борец, но не успеал да ја одржи силата во тешката категорија. Енди смета дека Усик не изгледал добро во својата прва борба, но сепак е подготвен да му даде шанса откако во декември ќе го победи Ентони Џошуа.
„Усик е одличен борец. Мислам дека не изгледаше добро во својата прва битка во тешка категорија, но тој сепак е одличен борец. Мислам дека немаше многу моќ во нашата категорија. Секако, ќе му дадам шанса да се бори откако ќе го победам во декември“.
Усик е задолжителен предизвикувач за титулата во тешка категорија во ВБО, а Кубрат Пулев на ИБФ. Не е јасно што ќе се случи во декември, но јасно е дека Мексиканецот го претпочита Усик отколку Пулев.
Најверојатно, победникот од нивната борба со Џошуа ќе мора да ослободи една од титулите. Пулев и Усик веќе објавија дека ќе бидат во Саудиска Арабија за да ја следат средбата во живо, што ќе го одреди шампионот во категоријата.