Поранешниот боксерски шампион Енди Руиз (34-2, 22 КО) го победи Крис Ареола (38-7-1, 33 КО) со едногласна одлука на судиите по одличните 12 рунди на настанот во Карсон. Тоа беше прва борба на Руиз од 7 декември 2019 година кога ги загуби титулите ВБА (Супер), ИБФ, ВБО и ИБО против Ентони Xошуа.
„Го направив она за што дојдов – да победам. Го допрев дното и сега сакам повторно да дојдам до врвот. Подготвен сум за нови предизвици“, рече американско-мексиканскиот борец и објасни што се случи во втората рунда кога требаше да бара пауза:
„Бев самоуверен, па ја спуштив раката. И тогаш имаше силен удар. Обајцата боксиравме офанзивно. Во еден момент започнав да напаѓам од контра“
На крајот, судиите едногласно ја досудија победата на Руиз, триумфот беше убедлив (117-110, 118-109, 118-109). Но, Ареола не беше задоволен од резултатот.
„Многу од неговите удари ги запреа моите ракавици, никогаш не ме здрма. Добро, изгубив. Но, дека освоив само една рунда и тоа беше онаа во која го соборив? Тоа е срање“, рече Крис Ареола и додаде:
„Може да му дадам максимум седум рунди, затоа што знам што се случуваше во рингот. Некои судии воопшто не ме почитуваат. Тие не треба да се занесуваат од реакциите на публиката која ги слави оние удари што удираат во ракавиците. Можеби ме победи, но не како што видоа судиите“.