Енди Руиз (33-1, 22 КО) и Ентони Џошуа (22-1, 21 КО) во саудискиот Диријах го одработија мерењето за реваншот во сабота.
30-годишниот американско-мексикански тешкаш ги брани титулите во тешка категорија ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО кои ги освои во јуни во Њујорк совладувајќи го Џошуа во седмата рунда.
Иако се очекуваше дека и двјацата ќе бидат полесни, не беше така.
Вагата на Џошуа покажа 107,5, а на Руиз дури 128,7 килограми.
Британецот тежеше 112 килограми за американското деби, а Руиз 121,6.