Руиз: Џошуа ќе бега по рингот и ќе се обиде да победи на поени

Енди Руиз очекува Ентони Џошуа да се обиде да го надбоксира во реваншот на 7 декември и да ја оденсе победата со судиска одлука како што направи во мечот за обединување на титулите со Џозеф Паркер.

Британецот дефинитивно има сила да се вклучи во борба како во првиот меч во кој најпрво тој го собори противникот, но подоцна се покажа дека Руиз сепак беше малку побрз на активирањето и четирипати го нокаутираше ЕЏ до прекинот во седмата рунда.

„Тој ќе се обиде да победи на бодови … особено затоа што ќе бега по рингот. Мојата работа е да го скратам рингот, всушност и тоа работевме. Не се грижам за тоа што ќе направи тој. Мораме да се грижиме околу она што го работиме ние. Тој мора да напорно да тренира. Мислам дека е под поголем притисок од мене. Јас морам само да го направам само она што е неопходно, да ги пуштам рацете и да се фокусирам“.

29-годишниот Мексиканец сигурно во реванш ќе влчезе полеснео за разлика од првата борба во јуни за која тежеше 121,6 килограми. Џошуа беше на 112.4. Руиз верува дека Џошуа за пресметката во Саудиска Арабија ќе го стори истото.

„Ми изгледа малку полесен, но мислам дека тоа нема да направи никаква разлика. Надвор од рингот може да пробате што сакате, но кога ќе влезете во рингот, како што рече Мајк Тајсон: Секој има план сè додека не прими удар“.

„Она што го правевме во првата борба функционираше, така што можеби за реваншот треба да направиме само мали прилагодувања. Ја погледнавме борбата 100 пати и ги видовме грешките што ги направив и тој што ги направи. Работиме на тие мали нешта, се обидуваме да ги поправиме и подобриме“, рече Руиз.

https://www.youtube.com/watch?v=z35c3V9sfXk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON