Жаирзињо Розенструик (10-0 ММА, 4-0 УФЦ) требаше да се бори против Френсис Нгану за една недела во Охајо, но настанот е откажан од УФЦ заради коронавирусот. Тоа беше голем удар за сите борци, затоа што со месеци се подготвуваа за своите битки, а сега ќе треба да чекаат и да продолжат со исцрпувачката работа.
32-годишниот ММА борец ќе остане во Флорида и ќе чека новини од организацијата. Не брза да стигне до Суринам и се надева дека УФЦ наскоро ќе им даде нов датум. Не е познато кога или каде ќе го видиме Розенструик против Нгану, но Жаирзињо останува позитивен и ќе продолжи да се подготвува.
„Засега ќе останам и ќе продолжам да тренирам се додека УФЦ не најде решение. Сосема ги разбирам – тоа е заради здравјето на сите, дури и за моето. Значи, борбата треба да почека додека не се донесе одлука. Ќе бидам подготвен, сигурно. Ќе останам во Флорида и ќе чекам новини, а потоа ќе одлучам дали да одам дома или ќе останам. Се надевам дека не чекам долго.
Се надевам дека ситуацијата ќе се реши брзо и ќе можеме да се справиме со овој коронавирус, за да можеме да продолжиме напред во животот. Засега, не брзам да се вратам дома, затоа што сум во најдобра форма и сакам да го задржам тоа темпо и да видам дали ќе дадат нов датум. Сигурно знам дека УФЦ ќе најде решение што е можно поскоро. Секогаш гледам позитивно во секоја ситуација. Ќе продолжам да тренирам и да се уверам дека сме подготвени за сè“, изјави Розенструик за ММА Џанки.