Поранешната шампионка Роуз Намахунас ја победи Аманда Рибас со едногласна одлука на настанот УФЦ на ЕСПН 53 што се одржа во Апекс во Лас Вегас.
Тоа беше 12-та победа во кариерата на американската воинка, а по победата над Бразилката изјави дека следниот меч сака да го има против победничката од дуелот меѓу Ерин Бланшфилд и Манон Фиорот.
OFFICIALLY a ranked flyweight! ✅
🌹 @RoseNamajunas makes a main-event splash at 125lbs! #UFCVegas89 pic.twitter.com/eCapLKLcLe
— UFC Europe (@UFCEurope) March 24, 2024
Нивната борба ќе биде главна на настанот на УФЦ следниот викенд во Атлантик Сити.
Во конасловната борба Карл Вилијамс го победи Џастин Тафа со едногласна одлука на судиите.
И еден необичен потег беше забележан во воведниот дел од програмата во бразилската мува пресметка меѓу Андре Лима и Игор Северино.
Имено, Северино во втората рунда го гризна противникот. Лима му се пожали на судијата и му покажа трага од каснување на бицепсот на левата рака.
По прегледувањето на снимката било потврдено дека Игор Северино го гризнал сонародникот, при што е дисквалификуван, а подоцна промоцијата го раскинала договорот со него.
„Тоа беше меч меѓу двајца непоразени борци во подем. Ако сте фрустрирани и сакате да се извлечете од борбата, има многу начини да го направите тоа, но најлошото нешто што можете да го направите е да го гризнете противникот“, изјави претседателот на УФЦ, Дана Вајт и додаде:
„Ја загуби најголемата можност во животот и ќе има реални проблеми со Комисијата за натпреварување во Невада“.
Igor Severino literally bite & grabbed the cock & balls of André Lima all within 30 seconds of each other. What the fuck is wrong with him??? pic.twitter.com/De5GADnhMd
— MMA Joey (@MMAJOEYC) March 23, 2024
Резултати од УФЦ на ЕСПН 53:
Роуз Намаџунас – Аманда Рибас – едногласна одлука на судиите (49–46, 49–46, 48–47)
Карл Вилијамс – Џастин Тафа – едногласна одлука (30-27, 29-28, 29-28)
Едмен Шахбазјан – А.Ј. Добсон – КО (удари), Р1 (4:43)
Пејтон Талбот – Камерон Саиман – ТКО (удари), Р2 (0:21)
Јусеф Залал – Били Кварантило – завршница (гушење од позади), Р2 (1:50)
Фернандо Падиља – Луис Пахуело – завршница (брабо душење), Р1 (2:45)
Воведни борби:
Треј Огден – Курт Холобо – едногласна одлука (30–27, 30–27, 30–27)
Џулијан Ероса – Рикардо Рамос – завршница (гушење со гилотина), Р1 (2:15)
Мајлс Џонс – Коди Гибсон – едногласна одлука (30–27, 30–27, 30–27)
Јарно Еренс – Стивен Нгуен – едногласна одлука (30–27, 30–27, 30–27)
Дарја Железњакова – Монсерат Рендон – едногласна одлука (29–28, 29–28, 29–28)
Андре Лима – Игор Северино – ДК (победа), Р2 (2:52)
Мик Паркин – Мохамед Усман – едногласна одлука (29–28, 29–28, 29–28).