Рос Левин ја доби наградата „Нокаут на годината“ во Глори

Рос Левин го направи дебито во Глори минатиот јуни и победи со нокаут за 43 секунди. Турбо победи во првите две борби и си ја зголеми статистиката на 4-0 во кикбоксот. Левин вежба карате од 7-годишна возраст и веќе на 15-годишна возраст има црн појас. Има освоено многу карате титули со текот на годините и беше шампион на (НАСКА), (ВКЦ), (ВАКО) и Ириш опен.

Овие успеси го инспирираа да ја продолжи кариерата во професионалци во кикбокс, и очигледно ја донесе вистинската одлука. Левин ја освои наградата „Нокаут на годината“ за финалето над својот противник и е борец што мора да го гледаме во иднина, затоа што сигурно има нешто со што ќе не импресионира.

Ова е нокаутот со кој Левин ја победи конкуренцијата:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО