Ронда се враќа: Го сакам својот појас, одмаздата е ебано врвно чувство!

Ronda Rusej - Njujork

Повеќе од осум месеци Ронда Русеј ги залечува раните предизвикани од тепкиот пораз од Холи Холм. До тогаш, борецот без пораз, доживеа тешко приземјување. А во нејзините очи и понижување.

Денес со бантам категорија веќе не владее Холи Холм, не владее ниту Миша Тејт. Денес престолот е Аманда Нуњес. Што е со Ронда? Кога ќе се врати таа?

Според пишувањето реномираниот „Фокс спортс“, Ронда денес е порешителна да го врати појасот во своја сопственост повеќе од кога било. Претседателот на УФЦ, Дана Вајт, јавно ја повика да се врати во октагонот, но јавен одговор се уште нема.

Фокс спортс сепак носи нејзина изјава – „Сакам повторно да го освојам мојот појас“, тврдејќи дека Ронда Русеј сериозно се подготвува да се врати во кафезот, кое може да се случи на УФЦ 205 во Њујорк.

Изјавата е извлечена од нејзиното гостување на еден настан во Чикаго каде за прв пат проговори дека навистина сака да се врати назад во окатгонот. Интересно, Ронда објаснила како ќе најде мотивација …

„Ова е советот што тренерот го даде на мајка ми. Јас уште бев дете кога мајка ми го пренесе на мене. Се борев во јуниорска конкуренција и изгубив. На крајот испадна дека подоцна со истата девојка треба повторно да се сретнам. Мајка ми ме повлече настрана и ми го откри советот што и го дал нејзиниот тренер кога таа изгубила на „Франција опен“, а на крајот победи на Светското првенство. Победувањето е врвно чувство, но одмаздата е ебано врвно чувство“, открива Русеј.

Барем сега знаеме каде ќе најде сила за враќање на тронот. Во одмаздата …

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON