Победничката во категорија петел кај жените во УФЦ, Ронда Русеј, одговори на прашање на навивачите против кој борец од мажите би се борела.
„Има ли разлика големината? Ако станува збор за вештини, би сакала да видам како ќе се справам против Џон Џонс, бидејќи тој многу импровизира, а и јас се стремам кон тоа. Мислам дека ќе направиме некои прилично луди нинџа работи.
А, ако станува збор за човек кој многу ме иритира, тоа е Брајан Каравеј. Ќе бидам многу радосна да го претепам, но веќе неколку луѓе пред мене ја oдбија оваа можност“.