Ронда Русеј се најде на листата на стоте највлиателни личности на планетата за 2016 година на престижното списание „Тајм“.
Рангирањето беше направени преку анкета со читателите на весникот. Рангирањето ќе биде објавено утре.
Русеј се уште не влегла во октагонот во 2016-тата, а се уште не е јасно кога и дали таа ќе се врати. Американската ѕвезда падна во психолошка криза откако го забележа првиот пораз во кариерата од Холи Холм (САД). Во интервју таа истакна дека имала намера да се самоубие по поразот.