Поранешната ММА шампионка, Ронда Русеј, во ТВ интервју за The Ellen DeGeneres Show призна дека планирала самоубиство по поразот од Холи Холм.
Русеј го доживеа првиот пораз во кариерата и призна какви се мисли поминале низ нејзината глава, откако се прибрала од шокот.
„Реков дека тоа е крај. Си мислев дека никој не сака да ме погледне. Веќе бев ништо, незначителен човек кој веќе не е непобедлив. Ми идеше да се самоубијам. Тогаш го видов Тревис и сфатив дека животот продолжува. Сакам да имам дете од него и тоа ме крена“, изјави Ронда.