ММА ѕвездата Ронда Русеј демонстративно, по втор пат, му даде поддршка на Мани Пакијао пред средбата со Флојд Мејведер. Победничката на УФЦ го изненади Филипинецот со новата посета. Двајцата се фотографираа за спомен и разговараа некое време, а потоа Мани и се заблагодари за поддршката на Твитер.
Во јануари Пакијао и посака среќа на Русеј пред натпреварот со Кет Цингано. Неодамна, ММА ѕвездата во едно интервју откри дека ќе навива за Мани.
„Пакијао секогаш бил многу мил со мене“, го аргументира изборот Ронда.
Интересен е фактот дека пред три години русокосата беше убедена дека Мејведер ќе го победи Филипинецот, но во последно време го промени мислењето.
https://youtu.be/d_V7HOMwa0Y