Ронда Русеј е еден од најпопуларните борци во светот во овој момент, а таа учествуваше и во документарниот филм „The Hurt Business“, кој ќе излезе на виделина во крајот на овој месец.
Говорејќи пред авторите на филмот, Русеј истакна дека мешаните боречки вештини, всушност, може да го направат светот едно мирно место, нарекувајќи ги „одговорен пропуст на агресијата“.
„Да се бориш е дел од човечкиот инстинкт. Ако се обидуваш целосно да ја потиснеш својата агресија, а општеството почне да живее во балон, тогаш луѓето почнуваат да откачуваат и да пукаат во кина. Ако некој од овие луѓе имаше издувен вентил за својата агресија, мислам дека и нашето општество ќе биде многу поздраво“.
„Мешани боречки вештини не се насилство заради самото насилство. Зборот „искуство“ таму е присутен со причина. Јас се борам, но, всушност, целта ми е да бидам попаметна од мојот противник. Ова е загатка која треба да се реши. Не станува збор само за тоа да излезеш таму и да почнеш да мавташ со рацете. Зборуваме за нешто што се потпира на психичка и тактички основа. Мислам, дека ова е највистинскиот и убав спорт во светот“.