Ронда Русеј: Имам потреба од реванш меч со Холм!

Rusej -Holm

На крајот на кариштата Ронда Русеј излезе од скривалиште. Мораме да признаеме дека веќе изгледа целосно обновена.

Конечно, ронда беше излезена надвор нејзиниот дом. Во краткото интервју кое го даде, таа вели дека има желба да ја победи Холи Холм во реваншот за време на УФЦ 200, што ќе се одржи на 9 јули во Лас Вегас .

„Тоа е она што го сакам јас“, изјави Русеј.

„Од тука натаму сè е во рацете на УФЦ и во рацете на нејзиниот тренерски штаб. Значи, ќе видиме што ќе се случи“.

Холм и нејзиниот тим се надеваат дека пред тоа ќе успеат да закажат меч против Миша Тејт. Тоа го сака и самата Тејт.

Претседател на УФЦ, Дана Вајт, е на мислење дека и Русеј и Холм ќе се вратат во октагонот најрано во јули.

Русеј, исто така изјави дека е мотивирана од кога било да ја врати титулата од Холм.

„Имам потреба да се вратам. Имам потреба да ја победам таа мачка. Кој знае, можебиќе се вратам со масакрирани заби или со скршена вилица. Не ми е гајле, ќе го направам тоа. За мене тоа не е важно. Само треба повторно да застанам против неа“, рече Русеј.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON