Азиз Исмаил е балкански шампион, Стојменов, Ќосовиќ и Рамадани вицешампиони!

Ismail, Krstevski i BP

Азиз Исмаил (-75 кг, У-21) е балкански шампион, кој во финалето го совлада Блодин Пакаштица (Косово) со 1-0. Сребрени медали освоија Мартин Стојменов, Семир Ќосовиќ и Шкалјим Рамадани.

Azis ismail na piedestal BP

На патот до финалето на Балканското првенство за кадети, јуниори и јуниори до 21 година во Дубровник, Хрватска, Исмаил ги совлада Един Краја (Црна Гора) 3-0, Ахмет Ујгур Сабир (Турција) 1-0, Филип Кнежевиќ (Србија) 4-0 и во полуфиналето Алексанадар Тинтор (Србија) 3-0.

Makedonija kadetki borbi na bP Dubrovnik

Кадетската екипа на Македонија (Цветковска, Гафури, Марина, Симовска) во борби е трета на Балканот, откако во борбата за бронзениот медал ја совлада Словенија со 2-1. Во четвртфиналето со Босна и Херцеговина резултатот беше нерешен 1-1, но во полуфиналето отиде босанската репрезентација, која се пласира во финалето и како резултат на тоа се боревме за бронзнеиот медал.

Martin Stojmenov na bP Dubrovnik

Мартин Стојменов (-60 кг, У-21) во финалето се сретна со Боран Берак (Хрватска), при што беше поразен со судиско изјаснување 3-2, откако борбата заврши 0-0.

Стојменов старуваше фуриозно совладувајќи го Дино Мујановиќ (Србија) со 5-0, па Босанецот Харис Полјо 2-0 и во македонското полуфинале со Давид Петков борбата заврши нерешено 0-0, а победата ја доби на изјаснување. За жал, Петков во борбата за третото место загуби 2-0 од Полјо.

karate reprezentacija naviva na BP vo Dubrovnik

Виктор Крстевски (-84 кг, У-21) го освои бронзениот медал совладувајќи репрезентативниот другар Орхан Билјали. До полуфиналето Крстевски беше подобар од Адријан Аличкај (Бугарија) 6-2, Карло Рагуз (Хрватска) 2-1, Богдан Обрадовиќ (Србија) 4-0, а полуфиналето со Александар Ѓорѓевиќ (Србија) заврши нерешено 1-1, но со одлука на судиите во финалето се пласира српскиот репрезентативец.

Орхан Билјали прво го совлада Вук Поповиќ (Црна Гора) 9-8, па загуби5-1 од Александар Марковиќ (Србија), но во репасажот беше подобар од Босанецот Анес Бубало 6-0, потоа се сретна со Крстевски.

Семир Ќосовиќ (+84 кг, У-21) во финалето е поразен со 4-1 од  Арпаслан Јаманоглу (Турција), така што мораше да се задоволи со сребрениот медал.

Ќосовиќ стигна до финалето со победите над: Ахмед Зукиќ (БиХ) 1-0, Марко Кралјевиќ (Хрватска) 4-3 и Богдан Трикос (Србија) 3-0.

Шкеклјим Рамадани (-61 кг, јуниори) го освои сребрениот медал, бидејќи во финалето беше поразен од Лука Кондиќ (Хрватска) 2-1. Рамадани на патот до финалето ги совлада: Даниел Ворман (Хрватска) 6-0, Милјан Цветковиќ (Србија) 1-0, Тит Промижиќ (Словенија)-најверојатно е предадена борбата и Андреј Лумбреа (Романија) 3-0.

Во оваа категорија вреден за одлбележување е настапот на Константив Василевски кој се бореше за бронзениот медал со Црногорецот Лука Цвијовиќ, при што загуби со 1-0, но пртеходно тој имаше три победи (Роберто Скокач –ХРВ 4-0, Нисад Омиќ БиХ 0-0 и Васил Ривов –БУГ 4-3, а загуби од Лука Кондиќ со 2-1).

Стефан Апостоловски (-68 кг, јуниори) е поразе во борбата за бронзениот медал од Метехан Јилмазер (Турција) со 7-0.

Фаик Весели (-52 кг, кадети) во борбата за третата позиција со 5-3 е совладан од Марко Марковиќ (Србија).

Кренар Џафери (+70 кг, кадети) загуби во борбата за бронзениот медал во репасажот од Марко Нонковиќ –Србија со 2-0.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО