Ронда Русеј и Аријана Селена повторно ги разгореа страстите! (ВИДЕО)

Arijana Selena

Минатата година овие две дами разменија по неколку „ниски удари“, кога способностите на Селен и на Ким Кардашијан беа ставени на услуга на помладите модели, но тие беа доведени во прашање од Ронда. Се чинеше дека тоа е веќе минато, но ете старите рани повторно крварат.

Selena i Rusej

 

Нештата меѓу ринг-девојката на УФЦ и шампион во категоријата до 61кг, ги „потпалија“ работите кај жените, откако Раусеј се изрази дека, според неа, сите спортисти кои се натпреваруваат во мешаните боречки вештини, треба да добијат повисока плата од моделите, зашто тие само се прошетуваат околу рингот.

selena i rusej 2

Многу новинари видоа во оваа изјава директни напади кон миленичката на публиката – Аријана Селена – жена која секогаш се фали со тоа дека. како ринг-девојка, успеала нејзината кариера да ја направи профитабилна. Во своја одбрана таа возврати дека Ронда се однесува како силеџија и постојано бара конфронтација.

Selena vo ring

 

Еве ги нејзините зборови: “Нема да зборувам за неа, бидејќи не сум борец. Не мислам да губам време со тоа. Всушност, јас не зборувам ништо за никого. Не сфаќаат, како некој, кој дури и не ме познава, да е против мене! Гледам точно таква … возбуда.„Кога не работам, не го следам толку ММА светот. Се што е од него го пропуштам. Нема да лажам … луѓето во ММА понекогаш се многу груби. Предтходно обраќав внимание на тоа, но веќе не го правам тоа. Не читам блогови, бидејќи не сакам да се соочувам со работи кои ќе ме вознемират, бидејќи често пати одговарам. Не сум некоја девојка што се ќе остави и така ќе се заштити“, рече убавицата на УФЦ, која кога не работи за нив е модел и водителка на преноси на Discovery Channel.

Selena pozira

„Луѓето не сфаќаат колку работа има во тоа да си водечки модел и ринг-девојка. Се облекуваат тие во милион различни облеки … не е толку лесно како што изгледа, за оние кои не се на моето место. Ми омрзна да ми попуваат… и на мене и на другите девојки“!

Selena vo bikini

 

Вчера, за време на интервју пред натпреварот на Ронда во УФЦ 184, новинари ја информираа за изјавата на Аријана. Како што може секогаш да се очекува од Русеј, таа имаше зајадлив одговор:

„Што толку реков дека за да ме иритира? Реков дека борците би требало да добиваат повеќе пари од девојките кои се шетаат околу рингот. Тоа не покажува дека сум провокатор, туку дека сум во право“, возврати Ронда.

„Жал ми е, но таа немаше ни да има работа, ако не беа борците. Мислите ли дека нејзиното одење во кругови околу двајцата мажи или жени кои се борат за својот живот, чини повеќе? Мислите ли дека таа работи повеќе од овие натпреварувачи? Не сум рекла дека треба да и ја намалат платата. Реков дека или на ринг-девојките се плаќа премногу добро или на борците не се даваат доволно пари“.

Потоа Ронда даде пример со друга ринг-девојка, која ја познава и почитува. Таа ги заштити жените кои заработуваат со изгледот, но само ако тоа води до развој и е привремено решение во нивните животи: “Многу ја почитувам Бритни Палмер. Таа стана ринг-девојка, за да плати студии во уметничка академија и стана многу познат уметник. Тоа, што таа работеше и помогна да ја рекламира својата уметност“.

Ronda vo bekini poz

„Ако работиш во ресторан како Хутерс, бидејќи ти требаат пари за да ги завршиш студиите по медицина… тогаш давај, девојка! Го почитувам трудот. Но не мисли дека си нешто посебно, само затоа што работиш таму. Користете го за да напредувате. Не се залажувај дека си прекрасна, само затоа што се покажуваш.

„За да и ја затвори устата” Ронда заклучи: „Жал ми е, но воопшто не сум импресионирана од нивната работа“.

Двете дами се на листата на списанието Максим во „100-те најсекси жени. Оваа година, изненадувачки или не, Ронда (42-ра) ја помина Аријана (59-та на листата), кој е новиот повод за таа да биде „провокатор“.

Selena vo vesnik

Русеј ќе го брани златниот појас против кандидатот Кет Цингано на 28 февруари во Лос Анџелес. Цингано има 9 победи и 0 порази. Имаше мечеви во кои резултатски заостануваше во текот на натпреварот, но секогаш се „враќаше“ и ги довршуваше своите конкурентки. Ова покажува решителност и поседување на ретка способност, која дефинитивно треба да биде најсилното оружје против олимписката медалистка во џудо . Две непобедени жени ќе се соочат една против друга … едната ќе треба да загуби.

http://youtu.be/jRVNn3RM8O8

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON