Google го објави своите статистички податоци за 2015 година, а според нив, втора „најгуглана“ личност во оваа година е поранешниот шампион на УФЦ, Ронда Русеј. Тоа е само доказ како таа стана апсолутно мејнстрим ѕвезда, однонсо дека наголемо е излезена од рамките на ММА.
Всушност, личноста која повеќе е пребарувана од Ронда е само Ламар Одом. Поранешниот шампион во НБА, кој играше за Лос Анџелес Лејкерс и сопругот на Клое Кардашијан, кој пред некој месец се предозира и се бореше за живот, па може да се заклучи дека ако не беше тој немил настан, Ронда ќе беше најмногу пребараувана личност во целиот свет. Фасцинантен податок.
Ронда зад себе ги остави Кетлин Џенер, Адел и Чарли Шин, а интересно е дека таа се ноаѓа на првото место на пребарувани спортисти во САД. Таму зад себе ги остави, односно на второ местое Холи Холм, додека Мани Пакијао е на четвртото место. Меѓу нив некако се протурака чудесниот кошаркар, Стефан Кари.
Од светот на боречките вештини, на листата се најде мечот меѓу Флојд Мејведер и Мани Пакијао, на шестото место, додека најпребарувано било фудбалскиот мундијал на Јужна и Централна Америка, односно Копа Америка.
Конор Мек Грегор го најде своето место на ранг листата во својата татковина, па така тој е најпребаруван спортсит и втора најпребарувана личност воопшто. Тајсон Фјури на оваа скала е на четвртото место. Фрливме поглед и на листата во Велика Британија, а таму најгуглана личност во спортот повторно е истата, Ронда Русеј.
ММА расте, ММА станува се попопуларна, а тоа се гледа по тоа што луѓето бараат информации. Впрочем, многумина така почнаа да го следат овој спорт.