Ронда Русеј е најдоминантен спортист-ги згази Меси, Роналдо, Ѓоковиќ! (ВИДЕО)

ronda badi karate

УФЦ шампионот во бантам категорија, Американката Ронда Русеј е најдоминатниот спортист во светот, покажуваат резултатите на истражувањето спроведено од Business Insider.

Таа досега имала 11 борби во кариерата, а само во еден случај нејзината противничка успеала да дојде до втората рунда. Во просек нејзините борби траат по 15 секунди.

„Ниту еден спортист во светот не е доминантен како Ронда. Двете нејзини одбрани на титулата минатата година беа со средно времетраење од 15 секунди . УФЦ ја направи првата жена – борец. На нејзините мечеви само една противничка успеала да издржи цела рунда без да биде исфрлена или заклучена (давена). Таа не само што не е поразена, туку е воопшто недопрена од противничките“, се вели во извештајот на Business Insider.

Во Топ 10 доминантни спортисти се и Серена Вилијамс, Лионел Меси, Новак Ѓоковиќ, Усеин Болт, Леброн Џејмс и Кристијано Роналдо.

https://youtu.be/Hkm5A0yG8mo

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON