Ефендиев и Зубаиров најзвучни имиња на Македонскиот бисер!

Makedonski biser press vo ASM

Традиционалниот боречки турнир „Македонски бисер“ оваа сабота ќе се одржи по 39-ти пат во Радовиш во салата „25 Мај“. Ова е една од најстарите спортски манифестации во Македонија, а своевремено бил домаќин на многу олимписки, светски и европски шампиони.

Борењето е најтрофееен олимписки спорт, а резултатите во последно време даваат потик дека овој спорт може да се врати во полн сјај“, изјави директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасевски, кој е генерален покровител на „Македонски бисер“ со 500.000 денари. Palakat Makedonski biser

Организаторите на турнирот решија оваа година тој да се одржи во Радовиш по повод 20-годишнината од освојувањето на европската клупска титула на Бучим Јака. Учество ќе земат преку 40 борачи од 9 европски земји, додека македонската репрезентација ќе настапи во комплетен состав

Очекуваме квалитетен турнир. Се надеваме дека ќе ја продолжиме успешната традиција која еве веќе трае 39 години. Организациски се е подготвено и се надевам дека  се во најдоабр ред“, истакна претседателот на Федерацијата на боречки спортови на Македонија (ФБСМ), Чедо Николовски.

Се уште не е дефиниран конечниот список на учесници, се очекуваат Руси, Турци, Алабанци, Белоруси. Хендикепот на Бисерот е што во моментов се одржуваат многу национални првенства, но други меѓународни турнири кои се помесетни поради Европските игри.

Најзвучни име на турнирот е натурализираниот Србин Ефендиев, кој беше петти на Европското сениорско пренство. Претседателот на ФБСМ,Чедо Николовски, вели дека најмногу очекува од носителот на бронзениот медал од Европското првенство во У 23, Халил Зубаиров, како и од освојувачот на третото место на „Дан Колов“, Дејан Митров, но и дека треба да се очекуваат добри резултати и од Јасин Реџелари, Бесмир Весели, Бобан Данов, Дејан Богданов.

Со Бучим Јака го освоивме Европското првенсто и тоа беше навистина посебен момент за мене и дефинитивно круна на моите резултати“, рече Трајче Димков поранешниот член на Бучим. „Благодарност до организаторите за тоа што го одбележуваат овој резултат, кој беше голем не само во борењето туку и во македонскиот спорт воопшто“, заврши Димков.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО