Ронда Раузи: Не мислам дека повторно ќе се борам

Ронда Раузи вели дека со враќањеto во кафезот конечно го пронашлa внатрешниот мир што ѝ недостигал од болниот крај на кариерата како шампион во ММА.
Раузи се врати во ММА по 10 години отсуство и ја победи Џина Карано со лост за само 17 секунди во главната борба на дебитантската ММА гала на МВП, која се емитуваше на Нетфликс.
„Тоа целосно го промени мојот однос кон спортот“, рече Раузи по борбата. „Му кажав на Тревис Браун по борбата дека се чувствувам како да е избркан дух. Беше како да ми е симната тежина без јас дури и да сфатам дека сè уште ја носам“.
Поранешната олимписка шампионка во џудо призна дека ова е моментот што требаше да го доживее.
„Тоа е токму она што ми требаше. Тоа беше затворање на страницата“.
Кариерата на Раузи во УФЦ заврши болно по тешките порази со нокаут од Холи Холм во 2015 година и од Аманда Нунеш една година подоцна.
По тие порази, Раузи целосно се повлече од ММА, фокусирајќи се на филмови и ВВЕ, и долго време избегнуваше да зборува за спортот.
Сепак, сега верува дека успеала да си замине со вистинската нота.
„Беше неверојатно чувство повторно да го доживеам тоа. Многу ми е мило што го направив тоа. Но, сега сум подготвена да продолжам понатаму – овој пат без никакви сомнежи“.
39-годишната Американка нагласи дека нема планови за повторно враќање и сака да се фокусира на своето семејство.
„Размислувам да имам уште две деца“, се пошегува Раузи. „Но, тоа е работата – јас сум добра во сè. Но, не, не, не… Завршив. Не мислам дека ќе се борам повторно“.
Раузи призна дека е среќна што го напушта спортот по победа, а не по тешките нокаути што го означија крајот на нејзината прва кариера.
„Сега можам да продолжам понатаму и знам дека ова е вистинското време. И навистина сум подготвена за следното поглавје“.



