Ромеро: ЖСП диктира се околу т.н. шампион Биспинг

Јоел Ромеро ќе мора да почека уште некое време за да се добие целосно заслужен дуел за титулата против шампионот во средна категорија, Мајкл Биспинг. Како и другите предизвикувачи, така и Ромеро ќе мора да го почека враќањето на Жорж Сент Пјер кој си посака и доби дуел  за титулата против Биспинг. Ромеро воопшто не е задоволен од развојот на нештата. Сепак, Кубнецот е подготвен да чека додека да се бори за титулата.

„Научив да бидам трпелив. Ќе се борам само и единствено за титулата, без разлика кај кого е таа. Без разлика дали ќе е привремена или не, следниот мојот дуел ќе биде исклучиво за титулата.

За мене е смешно тоа што т.н. шампион не може да се бори против кого сака и кога сака. Ми зборува за правила кои треба да ги почитуваме. Има правило дека шампионот треба да ја брани титулата против најдобрите. Тој ниту го извршува ниту го следи ова правило. Не е шампион во очите на луѓето и на другите борци“.

Биспинг ја освои титулата откако изненадувачки го нокаутира поранешниот шампион Лук Рокхолд на УФЦ 199, а ја одбрани со победа над Дан Хендерсон на УФЦ 204. Сега 38-годишниот Англичанец ќе му даде шанса на ЖСП во оваа година, но и на тој начин го уште повеќе го одлага дуелот со Ромеро.

„Можеби ако му купам шест … не, дванаесет пива и му кажам дека нема да го соборам или пак му ветувам да не го удирам, тогаш ќе се свитка“, се шегува Ромеро. „Кој знае? Дана и менаџерите рекоа дека јас сум во ред и им верувам. Не е важно што вели Биспинг, бидејќи гледаме и во моментов дека тој кој ги одредува правилата е ЖСП“.

Ако ЖСП успее да победи Биспинг, а потоа одлучи да ја ослободи титулата и да се врати во подолната категорија, Ромеро можеби ќе има шанса да се бори за слободното шампионите место против Рокхолд, Роберт Витакер, Жерард Мусаси или Андерсон Силва. Сепак, до тогаш, Солџер Гад ќе мора да почека со ладни пива и да види што ќе се случи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON