Ромеро и Густафсон ќе се борат привремената титула

Јоел Ромеро и Александар Густафсон најверојатно ќе се борат за привремената титула на УФЦ во лесно-тешка категорија. Нивниот судир се планира за галавечерта на УФЦ 230 на 3 ноември. Домаќин на средбата ќе биде Њујорк. Веста протече од водечкиот ММА новинар Ариел Хелвани.

Се уште нема конечна одлука, но шефовите на УФЦ имаат сериозна намера за раздвижување на оваа категорија. Шампионот Даниел Кормиер се концентрира на мечот против Брок Леснар. Дуелот ќе биде во повисоката тешка категорија, но се уште не е потврден.

Ромеро долго време се бореше во пониската категорија – средна, притоа постојано имаше проблеми со килограмите. Во претходниот натпревар Кубанецот загуби на поени од Роберт Витакер.

Густафсон долго време ја санираше повредата. Не влегол во октагонот повеќе од една година, а последен пат се бореше во мај 2017-тата, кога го победи Гловер Тешеира.

https://youtu.be/GKC_2SIvMhI

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON