Ромеро го нокаутира Рокхолд и остана без појас, Хант изгуби, Волкановски славеше (ВИДЕО)

Јоел Ромеро (13-2, 9-1 УФЦ) го нокаутира Лук Рокхолд (16-4, 6-3 УФЦ) во третата рунда на главната борба на УфЦ 221 во Перт.

Борбата беше за титулата привремен шампион во средна категорија, но Кубанецот беше претежок на мерењето, па титулата беше влог само за Американцот.

https://youtu.be/iUsBakWRtwA

Актуелниот шампион Роберт Витакер се опоравува од болеста.

Кертис Блајдес (10-1, 5-1 УФЦ) успеа да ја преживее првата рунда против Марк Хант (13-12-1, 8-6-1 УФЦ) и да дојде до најголемата победа во кариерата.

https://www.youtube.com/watch?v=YoiYHH9BN8w

Македонецот Алекс Волкановски со технички нокаут во втортата рунда славеше против Џереми Кенеди. Волкановски ја забележа четвртата победа во низа и е без пораз во УФЦ. Тој сака борби кои ќе му овозможат битка за титулата.

Поранешниот борец на Глори Израел Адесани (12-0, 1-0, УФЦ) во дебито во УФЦ со технички нокаут во втората рунда го победи Роб Вилкинсон.

Непоразениот тешкаш Таи Туивас (7-0, 2-0 УФЦ) беше успешен во втората битка за најголемата ММА промоција. По нешто повеќе од две минути од борбата го нокаутира Французинот Сирил Аскер (9-4, 2-3 УФЦ).

УФЦ 221:
Јоел Ромеро – Лук Рокхолд (TKO, Р3)
Кертис Блајдес – Марк Хант (едногласна одлука на судиите, 30-26, 30-26, 29-27)
Туиваса – Сирил Аскер (ТКО, Р1)
Џејк Метјус – Ли Јинглианг (едногласна одлука на судиите, 29-28, 30-26, 30-26)
Тајсон Педро – Сапарбек Сафаров (поднесување, кимура, Р1)
„Маестро“ Донг Хјун Ким – Демиен Браун (поделена одлука на судиите, 29-28, 28-29, 29-28)
Израел Адесани – Роб Вилкинсон (ТКО, Р2)
Алекс Волкановски – Џереми Кенеди (ТКО, Р2)
Јусиер Формига – Бен Нгуен (сабмишн, давење од позади, Р3)
Рос Пирсон – Мизуто Хирота (едногласна одлука на судиите, 30-27, 30-27, 29-28)
Хозе Кинонез – Теруто Ишихара (едногласна одлука на судиите, 30-27, 29-28, 29-28)
Лука Џумао – Даичи Абе (едногласна одлука на судиите, 29-28, 29-27, 28-27)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON