Најсимпатичната приказна на денот во ММА светот е без сомнение Ентони Гиансанти – 26 годишниот безбол играч кој игра за Ајова Кабс. Гиансанти, имено, искажал симпатии за шампионката на УФЦ, Ронда Русеј, поради што се најде во медиумите.
Повод за тоа беше постојаното оставање на билетите наменети за Ронда Русеј за натпреварите на неговиот тим. Тој се надева дека еден ден Ронда ќе може да дојде и да го види како игра. Иако сето тоа започна како шега, наскоро веста дојде наскоро и во „меинстрим“ медиумите како ESPN, кој експресно ја рашири приказната, а Гиансанти стана атракција.
„Смешно е тоа што во соблекувалната често зборувавме за Ронда, а јас сум прилично силен спортист. Секогаш момците ме прашаа дали би можел да ја претепам Ронда. Им реков дека не би сакал да ја претепам, туку да ја одведам на состанок“, рече „бејзболашот“ во интервју за MMAFighting.
„Еден ден и оставив билет на влезот (го ставил своето име на листот –з.а.), се надевав дека тоа ќе го видат момците и ќе се смееме заедно. Ми рекоа дека треба да го твитнам, затоа што е смешно. Го направив тоа и им се допадна тоа на луѓето, па повторно го направив тоа. Никогаш не мислев дека толку ќе ескалира. Ова е безврска, но на крајот навистина стана голема работа што стигна и во медиумите“, објаснува Гиансанти и додава.:
„Мојот најдобар пријател е голем УФЦ фан. Некое време живеевме заедно и ме навлече на УФЦ. Сето ова е неодамна… мојата љубов кон УФЦ и борбите“.
Гиансанти не е сигурен дали Ронда знае дека тој и ги остава картите за домашните натпревари на неговиот клуб. Тој никогаш не ја запознал, дури никогаш не ја видел во живо. Не знае дали убавата Ронда знае дека постои клубот Ајова Кубс, а сето ова го смета за многу безопасна шега. Но, ако Ронда планира да дојде, ќе биде повеќе од среќен да ја угости на безбол натпревар…