Лука Рокхолд го потврди својот исклучителен квалитет и покажа дека имал причина да ја бара борбата за титулата. Во точно две и пол рунди, буквално го уништи Лиото Мачида и на крајот го победи со давење. Очекувано победа дојде и Жакар Соуза, а одлична настапи и победи запишаа младите Макс Холовеј и Пеги ван Зант, која потврди дека возбудувањата околу неа доаѓаат со добра причина.
Веројатно по вчерашната претстава против Лиото Мачида на УФЦ на ФОКС 15, конечно, Лук Рокхолд, потврди навистина колку е добар и на крај ги замолчи сите негови критичари, како и оние кои го паметат нокаутот од Витор Белфорт ,а кои по секоја борба се се помалку.
Поранешниот шампион и предизвикувач во средна категорија, Рокхолд, буквално го уништи, односно го уништуваше две и пол рунди, пред да дојде до победата со давење во својот познат стил, кој на кратко може да се опише како „собори го противникот во стоење, а потоа субмирај го“. Сличен стил користи и Доналд Кероне.
Веќе во првите пет минути Мачида едвај издржа. Рокхолд брзо покажа дека е посилен борец, а ниту „Драгоновата“ брзина не беше во прв план. Двапати го уриваше поранешниот Страјкерфорс шампион, двапати се обид и заврши на подот, но не успеа, сепак доаѓањето на лекарот во неговиот агол беше знак дека Мачида е во криза.
Лиото продолжи, но и понатаму не можеше да го пронајде вистинскиот одговор. По нешто повеќе од една минута повторно беше соборен, Рокхолд овој пат дојде на грбот, од каде што точно на половина од рундата доаѓа до давење, што го присили Мачида да се предаде. На Рокхолд ова му е четврта победа во низа, сите против рангирани борци и сите со прекин. Со причина му порача на Вајдман дека тој го завршил својот дел од работата и дека редот е на него да го стори истото, за да уследи меѓусебната борба.
Втората долго очекувана средба од настанот беше меѓу Макс Холовеј и Куб Свенсон. По поразот од Фрекни Едгар, Свенсон имаше желба за победа, но работите во перо категорија не одеа во таа насока, неочекувано, Холовеј, испрати канонада од удари кон него. Во последната рунда Свенсон се обиде да го промени текот на средбата, но беше блокиран.
Пеги ван Зант и Феличе Хериг покажаа непријателство една кон друга уште на мерењетои пред самата средба во октагонот двете натпреварувачката се впуштија во дива размена на удари. Средбата во сите три рунди помина во знак на ван Зант, бидејќи таа нанесе значително многу повеќе удари и победи со судиска одлука.
Соуза исто така учествуваше во оваа трка во подглавниот настан и забележа победа во првата рунда над Крис Камоци . „Жакар“ мораше да се соочи со Јоел Ромеро, но противник се повреди една недела пред мечот и беше заменет од Камоци.
УФЦ на Фокс 15 – Резултати
Лук Рокхолд – Лиото Мачида- SUB , ( R2, 02:31 )
Роналдо Соуза – Крис Камоци – SUB , ( R1, 02:33 )
Макс Холовеј – Каб Свенсон – SUB , ( R3, 03:58 )
Пеги ван Зант – Феличе Хериг – со едногласна одлука
Бене Дариуш – Џим Милер – со едногласна одлука
Овинс Сент Про – Патрик Куминс – КО ( R1, 04:54 )
Џан Вилианте – Кори Андерсон – TKO ( R3, 04:18 )
Алмеин Стерлинг – Такеја Мизугаки – SUB , ( R3, 02:11 )
Тим Минс – Џорџ Саливан – SUB , ( R3, 03:41 )
Диего Брандао – Џими Хетеш TKO ( R1, 05:00 )
Крис Демпси – Еди Гордон – поделена одлука на судиите
https://youtu.be/1grGxhnXPME