Кога Ројс Грејси првпат се сретна со Кен Шамрок во полуфиналето на УФЦ 1 на 12 ноември 1993 година, тој, 26 годишниот бразилски натпреварувач, на никого нему беше познат.
Денес тој е еден од најпознатите ММА борци во светот и смета дека може да ги победи помладите – силни зборови од човек кој речиси 9 години не се натпреварувал.
По две недели повторно ќе се сретне со Шамрок на Белатор 149.
„Изгледа тој имал проблеми со спиењето во последните 20 години, откако го здушив за помалку од една минута“.
Грејсиe може и да е возрасен, но има 6 дан црн појас во џиу-џицу и тврди дека е посилен од било кога. Бразилецот истакна дека старите борци како него и Дан Северн и Олег Тактаров, како и другите пионери во ММА, имаат нешто што сегашните борци го немаат.
„Имавме харизма. Многу од борците денес ја немаат. Едно време немавме ракавици, немаше правила, сè беше дозволено и тоа беше харизматично. Борците навистина значеа нешто.
Мислам дека тоа беше импресивно за секого кога учесниците се бореа три-четири пати за една вечер против поголеми и посилни противници“.