Рој Нелсон сака борба против Федор: Тој е прв на мојата листа

Рој Нелсон беше последниот противник на Мирко Филиповиќ. Хрватската легенда на боречките вештини победи на настанот Белатор 216 во февруари 2019 година со едногласна одлука на судиите, по што се повлече поради здравствени проблеми.

Биг кантри загуби уште два меча по тој пораз, од Френк Мир и Валентин Молдавски.

Американскиот борец има 45 години, но се уште не сака да се пензионира. Неодамна го прозва Федор Емелијаненко.

Легендарниот руски борец го победи минатиот октомври Американецот Тимоти Џонсон со нокаут во првата рунда на настанот Белатор во Москва.

Тоа беше негова 40-та победа во кариерата. Претседателот на промоцијата Скот Кокер по тој меч најави дека Федор ќе има барем уште една борба.

Рој се надева дека тој би можел да биде следниот противник на Русинот…

„Ми треба борба против Федор. Никогаш не сум се борел против него и тој е прв на мојата листа. Ако го победам, ќе бидам единствениот што ја победил големата тројка“, вели Рој Нелсон, кој мислеше на Федор, Кро Кап и Минотаур и додаде:

„Преговарам со Скот и навистина го посакувам тој меч. Но, јас не одлучувам за тоа. Мислам дека Федор ќе одлучи за тоа. Знам дека сака да се бори со Рајан Бадер, но има договор за борба за титулата“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON