Гловер Тешеира шампионскиот појас ќе го брани против Јиржи Прохаска

Гловер Тешеира откри ривал против кого за првпат ќе го брани шампионскиот појас на УФЦ во полутешка категорија. Бразилецот на 7 мај на УФЦ 274 ќе се бори со Чехот Јиржи Прохаска.

Веќе извесно време се шпекулира дека на програмата на истиот настан треба да биде пресметката за шампионот во лесна категорија меѓу Чарлс Оливеира и Џастин Гејџи.

Гловер стигна до титулата со низа од шест победи, што го прави најстариот борец во историјата на УФЦ кој за прв пат ја освоил титулата. Бразилскиот борец го освои појасот минатата година во борба против Јан Блахович.

Прохаска има две убедливи победи откако се приклучи на УФЦ, и двете се со нокаут во втората рунда. Чехот најпрвин го совлада Волкан Оездемир, а на 1 мај беше подобар од Доминик Рејес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО