Теренс Крафорд е несомнено еден од најдобрите боксери во светот во моментов. Непоразениот Американец ја извојува 40-та победа во кариерата со неодамнешната победа над Ерол Спенс.
Тоа беше и негов 31 триумф, кој го забележа со нокаут, завршувајќи го сонародникот во деветтата рунда.
Покрај тоа, Крафорд стана и апсолутен шампион во втората тежинска категорија, што е круна на неговата кариера.
На триесет и петгодишниот Теренс му останаа уште неколку години активен бокс, па фановите се прашуваат дали има некој што може да му се закани.
Светски боксерски шампион во повеќе категории и член на Куќата на славните Рој Џонс Јуниор неодамна изјави дека еден боксер може да му направи проблеми на Крафорд.
Тоа би било меч под сегашната полусредна категорија на Теренс.
„Крафорд… Во моментов нема боксер што може да го победи, освен ако некој е многу поголем од него. Но, ако Теренс Крафорд и Џервонта Дејвис се бореа во категоријата до 65,8 килограми, тоа ќе беше проклето добра борба. И двајцата имаат многу висок коефициент на интелигенција, а Тенк е многу експлозивен. Тоа е предноста на Тенк што ја нема Ерол“, изјави Рој Џонс Јуниор и продолжи:
„И без разлика што Тенк е значително помал од Крафорд, тој предноста на Теренс би ја надоместил со експлозивноста. Па, јас го постигнав мојот успех во кариерата затоа што бев експлозивен, а да го немав тоа, немаше да можам да победам во сите тие категории. Експлозивноста ги држи луѓето под контрола“.
Рој Џонс Јуниор е поранешен светски шампион во четири тежински категории и единствениот боксер кој професионалната кариера ја почна како супервелтераш и на крајот ја освои титулата во тешка категорија.
Во кариерата имаше 75 натпревари, победи на 66 од кои 47 беа со нокаут, а имаше и девет порази.