Рој Џонс планира да ги осигура ушите пред борбата со легендарниот Мајк Тајсон.
Рускиот менаџер на Џонс Јуниор, Золт Барна верува дека Тајсон ќе го повтори она што го сторил пред многу години во битката со Ивандер Холифилд. За време на втората борба меѓу нив Тајсон го одгризна дел од увото на Холифилд во 1997 година.
Реваншот повторно го доби Холифилд, откако Тајсон беше дисквалификуван. Оваа битка остана во историјата како „Гризнувачка борба“.
Џонс и Тајсон ќе се борат во 8 рунди следниот месец во САД. Мечот нема судии и ќе може да се победи само со нокаут. Спортската комисија ги предупреди дека ќе ја прекине средбата ако некој од нив добие повреда.
Вака изгледаше увото на Холифилд по гризнувањето на Тајсон.
https://www.instagram.com/p/CDh9x7DFBV-/?utm_source=ig_embed