Рој Џонс го предизвика Федор Емелијаненко на бокс меч

Легендарниот боксер Рој Џонс предизвика уште една легенда, Федор Емелијаненко. Џонс е повеќекратен освојувач на титулите на ВБЦ, ВБА, ИБФ, ИБО, НАБФ, ВБФ, ИБА. Во 1990-тите, Рој беше прогласен за „Борец на деценијата“ од спортските новинари во Америка.

Единствениот боксер кој кариерата ја започна во полусредна категорија и стигна до најтешките, оставајќи длабоки траги во секоја од нив. Никој друг не го направил ова во повеќе од 100-годишната историја на професионалниот бокс.

52-годишниот Американец во рингот забележа 66 победи и 9 порази. Тој победи на 47 средби со нокаут и пет пати беше нокаутиран. Рој е во серија од 4 последователни победи и последен пат направи шоу со Мајк Тајсон.

Тие се бореа на крајот на 2020 година во Калифорнија и завршија нерешено. Федор, пак, го победи Тимоти Џонсон со нокаут кон крајот на минатиот месец. Џонс ја следеше средбата на Федор.

„Федор, брат, изгледаше одлично на претходниот меч. Направи неверојатна работа! Ако можеме јас и ти да направиме настан, тогаш би било одлично. Сега сум стар, а ти си помлад од мене.

Изгледаш одлично и добро работиш, и покрај твојата возраст. Две легенди. Можеме да прикажеме голема борба. Ќе ми биде чест и задоволство да се борам со тебе“, порача Џонс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON