Американската боксерска легенда Рој Џонс – Јуниор продолжи да налева бензин на оганот по неговата одлука да побара руско државјанство. Ветеранот доби пасош лично од претседателот Владимир Путин, што предизвика големи реакции преку океанот. Поранешен светски шампион има три натпревари во Русија. Повторно го очекуваат во декември. Во моментов Џонс е во Русија, каде што помага во подготовката на тројца локални боксери.
„Ќе научам руски јазик и ќе зборувам толку добро што сите ќе можат да ме разберат со леснотија. Сметам дека тоа ќе потрае една година. Освен тоа, планирам да отворам боксерска школа во Русија“, рече Џонс.
Рој Џонс Јуниор уште има амбициаида биде светски шампион. Своето внимание го насочил кон некој од појасите во полутешка категорија.
https://youtu.be/pkMAf0ZHO_k