Каел Сонен: Федор е грозен борец, неговиот вистински скор е 3-3

Kael Sonen 1

Еден од оние кои не се согласуваат со големината на Федор Емилијаненко е Каел Сонен. Тој смета дека неговите јапонски победи не вредат ништо и дека неговиот вистински скор во кариерата е 3-3.

Одамна е познато дека Каел Сонен е голем брборко/озборувач и ги оговара колегите од ММА. Сега на нишан му е поранешниот шампион од Прајд, Федор Емилијаненко. Русинот неодамна изјави дека ќе се врати во ММА и во моментов сите се чекаат во која организација ќе биде враќањето.

Сонен не е толку импресиониран од неговото враќање, а еве и зошто.

„Федор е многу грозен, но и страшно добар човек. Имав задоволство да се сретнам со него два пати. Првиот пат беше на Старбакс во еден хотел во Лос Анџелес, тој едноставно беше потонат во ситуацијата. Беше само еден дебелко, ќелав човек со еден мрежест џемпер, кој во редот го чекаше своето кафе, како и сите други таму. Тогаш си помислив „колку добар човечек е““.

Сонен продолжи со анализата, од која излегува дека штом нема спортска комисија, која ќе го регулира мечот, значи тоа не се брои.

„Вистината е дека Федор не се бореше во регулирани средби, а тоа не може да се смета за вистински дуел. Тој треба да биде надгледуван од Комисијата. Ова важи и за Холи Холм и нејзините милионски титули во боксот. Ако средбата не се регулира од комисија, не се брои. Значи сето она што постигнал тој во Јапонија со оној судија кој си носи камера на уво, отпаѓа“.

„Вистинските битки се одржуваат во Америка, каде што постои официјално мерење, каде  што телото е под контрола и каде што постојат вистински правила за судиите кои се сертифицирани за тоа. Тој го направи тоа шест пати и имаше само три победи. Тоа не е многу импресивно за некој кој е прогласен за најголем на сите времиња. Што е уште полошо, Федор беше уништен од страна на воините кои сега уништуваат други, како Бигфут Силва, кој за 18 секунди беше нокаутиран од Френк Мир“, продолжи тој и додаде на крајот:

„Тоа е апсурдно. Знам дека УФЦ дебело ќе го преплати, затоа што мислат дека тоа ќе им се исплати, а и добро е тоа за Федор. Мислам дека тој не веиновен во овој случај, тој направи се како треба и навистина е добар човек. Но, факт е дека е грозен борец. Неговиот скор во САД е 3-3, и тоа е тоа“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО