Родригез и Старинг во Опатија се борат за титулата во ФФЦ

Во почетокот на декември ќе се одржи последната квалификациска претстава од ФФЦ-та серија на Фјучерси, а тоа подразбира дека ќе ги дознаеме и преостанатите десет имиња на борците кои ќе настапат на ФФЦ Фјучерс 2014 Супер финале, кое ќе се одржи на 20 декември во Опатија.

Opatija FFC Finale

По тој повод во рингот ќе видиме 40 победници од кавлификациските Фјучерси, од кои само половина ќе добијат шанса за настап во вчерната програма, кога ќе бидат на чекор до вкупната победа и осигурување на договор за 2015 година со една од најдобрите боречки организации во Европа.

Но, во вечерната програма нема да се гледаат само финалните борби, туку публиката ќе има можност да види дури 14 борби. Од порано е најавено дека некои од нив ќе одлучуваат за шампионската титула на ФФЦ.

Главана борба на вечерта ќе биде за шампионската титула во ММА во кралската категорија. Во рингот силите ќе ги одмерат искусниот Американец Рико Родригез (53 победи-21 пораз-1 НЦ), инаку поранешен УФЦ шампион и опасниот Холанѓанец Дион Старинг (30 победи-10 порази).

Овие извонредни тешкаши заедно имаат одработено дури 115 професионални борби. И покрај тоа, ќе мора максимално да се залагаат за да го освојат престижниот појас на ФФЦ.

Се уште не е познато кој ќе ја предводи кик бокс програмата на турнирот.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON