Роберто Солдиќ објави каде ќе ја продолжи кариерата

Најдобриот хрватски ММА борец Роберто Солдиќ откри каде ќе ја продолжи кариерата за време на гостувањето во ММА час кај Ариел Хелвани.

Рбо кап го напушти КСВ и кариерата ќе ја продолжи во сингапурската ОНЕ Чемпионшип.

Во КСВ наводно му понудиле милион евра за продолжување на договорот за уште најмалку четири борби, додека УФЦ му понудил договор според кој во третата борба ќе има право да го нападне појасот.

„Не можев да кажам не. Го избрав ОНЕ Чемпионшип бидејќи е најголемата организација за боречки вештини во светот, таму ќе имам можност да се борам во ММА, бокс, кик-бокс, мај тај“, изјави Роберто Солдиќ и додаде:

„Кога ја видов атмосферата во Сингапур и како лидерите се однесуваат кон борците, морав да ја прифатам понудата“.

Претседателот на ОНЕ Шампионатот, Чатри Ситиодтонг, му ја даде најдобрата понуда, а неговата желба е да се бори во кик бокс, мај тај…

„Сакам да бидам шампион во различни спортови. Ќе се обидам да го освојам појасот во ММА, кик бокс, се што можам да направам. Тоа е мојата цел“, нагласува Роберто и продолжува:

„Сакам да бидам единствен борец, а ОНЕ Чемпионшип ми нуди прилика да бидам нешто посебно во тој спорт. Сакам да испишам историја во боречките вештини“.

Хрватскиот борец се навраќаше на сите понуди што ги добил.

„Добив многу понуди од КСВ, УФЦ…, но тоа што ми го понуди ОНЕ Чемпионшип – не се одбива“, нагласи Роберто Солдиќ и подвлече:

„ ОНЕ Чемпионшип ми нуди многу повеќе опции од другите промоции. Понудата на УФЦ беше добра, но добив понуда од најголемата борбена организација и не можев да кажам не. КСВ? Таму исчистив сè.

Солдиќ последните пет години ги помина во КСВ и е сопственик на два шампионски појаси – во полусредна и средна категорија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON