Хрватскиот ММА борец Роберто Солдиќ (21-3) доби противник во своето деби за промоцијата на азискиот шампионат во боречки вештини ОНЕ.
Солдиќ ќе се бори против Дагестанецот Мурад Рамазанов (11-0). Борбата ќе се одржи на 2 декември во главниот град на Филипините, Манила.
Робокап прво го потврди мечот со објава на своите социјални мрежи, а потоа истото го направи и промоцијата.
Рамазанов е роден во Махачкала и нема пораз во професионалната кариера.
За ОНЕ има три настапи, во првиот со прекин го совлада Мјунг Хо Бае, а потоа со едногласна одлука ги победи Хиројуки Тецука и Зебастијан Кадестам.
Неговиот последен меч против Кадестам, за кој најмногу се зборуваше како можен противник на Роберто, беше во декември минатата година. Рамазанов е голем борач.
Борбата е договорена во категоријата до 84 килограми, што е полусредна категорија во ОНЕ.
Солдиќ има седум победи во низа, а во последниот меч во декември минатата година го победи Мамед Халидов и го освои појасот на КСВ во средна категорија. Робокап ја напушти полската промоција како двоен шампион.
View this post on Instagram